Запленети над 2000 пиротехнички средства во Тетово
- Полициски службеници денеска во 16.20 часот на градскиот плоштад во Тетово ги привеле Љ.А. (23) од тетовско Селце, кај кого се пронајдени 1759 парчиња пиротехника, и С.А. од Тетово, од кој б
![Запленети над 2000 пиротехнички средства во Тетово](https://new.mia.mk/index.php/images/20221105164547_big_730x400_4.webp )
Скопје, 23 декември 2020 (МИА) - Полициски службеници денеска во 16.20 часот на градскиот плоштад во Тетово ги привеле Љ.А. (23) од тетовско Селце, кај кого се пронајдени 1759 парчиња пиротехника, и С.А. од Тетово, од кој биле одземени 314 парчиња пиротехника, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.лв/