• сабота, 28 декември 2024

Запленета роба на Кванташки пазар донирана во неколку институции

Запленета роба на Кванташки пазар донирана во неколку институции

Скопје, 26 април 2023 (МИА) - Запленетата роба од овошје и зеленчук во акцијата на Кванташкиот пазар, што вчера ја спроведоа Државниот пазарен инспекторат, Управата за финансиска полиција и Агенцијата за управување со одземен имот и МВР, е донирана на установи низ земјава каде што е најнеопходна.

Оваа одлука е донесена на вчерашната средба на директорите на Агенцијата за управување со одземен имот Дртитон Небиу и на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.

Агенцијата за управување со одземен имот соопшти дека по првпат се случува запленетата роба во истиот ден да биде донирана во ЈУДД „11 Oктомври“ – Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица -  Куманово, Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци - Скопје и во КПУ Идризово.

- Изразуваме благодарност до сите надлежни институции за дадената поддршката и цврстиот став за решавање на проблемот со високите цени на производите. Се работи за доброто на граѓаните и секое заобиколување на законите ќе се санкционира, затоа што системот мора да функционира во целост со доследно почитување на законските прописи. Им благодарам на колегите од Агенцијата за управување со одземен имот и на колегите од надлежните институции кои несебично и најпрофесионално си ја завршија работата. Продолжуваме понатаму со активностите на терен, се истакнува во пишаната  изјава на директорот Дритон Небиу. бд/са/

Фото: Агенција за управување со одземен имот

Остани поврзан