• недела, 24 ноември 2024

Записи од „Општата теорија на релативноста“ на Ајнштајн, одат на наддавање

Записи од „Општата теорија на релативноста“ на Ајнштајн, одат на наддавање
Лондон, 2 септември 2021 (МИА) - Еден од работните записи на Алберт Ајнштајн за „Општата теорија на релативноста“, проценет на 2 до 3 милиони евра, ќе биде понуден на аукција, објави вчера аукциската куќа „Кристи’с“. „Ова е, несомнено, највредниот ракопис на Ајнштајн, којшто некогаш бил понуден на аукција“, се вели во соопштението. Наддавањето ќе се одржи на 23 ноември. Станува збор за оригинален ракопис на 54 страници, составено во Цирих, Швајцарија, 1913 и 1914 година, од познатиот физичар и неговиот соработник и пријател Мишел Бесо - швајцарско-италијански инженер, исто така - со еврејско потекло. Благодарение на Бесо, ракописот е зачуван, бидејќи Ајнштајн кој го сметал за обичен работен ракопис, немал намера да му посветува внимание, според „Кристи’с“. По основната „Теорија на релативноста“ од 1905 година (со формулата Е = mc2), Ајнштајн 1912 година почна да работи на „Општа теорија на релативноста“. Ајнштајн и Бесо се справија со проблеми што ја мачеа научната заедница со десетлетија - аномалии во орбитата на Меркур, на пр. И, тие успеаја да ја решат таа загатка, потсеќа „Кристи’с“. Друг добро познат документ од тој период, познат како „Бележникот од Цирих“, од крајот на 1912 и почетокот на 1913 година, денес е во архивата на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, Израел.  си/

Остани поврзан