• сабота, 16 ноември 2024

Запалениот грчки танкер безбедно одвлечен по нападот на јеменските бунтовници

Запалениот грчки танкер безбедно одвлечен по нападот на јеменските бунтовници

Дубаи, 16 септември 2024 (МИА) – Спасувачите успешно го одвлекоа грчкиот танкер за нафта „Сунион“, кој со недели гореше во Црвеното Море по нападот на бунтовниците Хути во Јемен, на безбедно и без излевање нафта, соопшти денеска поморската мисија на Европската унија.

Поморската мисија на ЕУ, позната како Операција Аспидес, на социјалната мрежа Х објави дека бродот е преместен и оти Сунион е одвлечен во водите далеку од Јемен.

„Сунион“ беше „успешно одвлечен во безбедно подрачје без излевање на нафта“, соопшти мисијата на ЕУ, иако не е јасно каде се наоѓа бродот. „Аспидес ќе продолжи да ја следи ситуацијата“, се додава.

Хутите не го коментираа денешниот настан. Спасувачите сè уште треба да растовараат околу еден милион барели (150.000 литри) сурова нафта од танкерот, за која властите сè уште стравуваат дека може да истече во Црвеното Море.

Од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година Хутите досега нападнаа повеќе од 80 трговски бродови со проектили и дронови.

Бунтовниците тврдат дека таргетираат бродови поврзани со Израел, САД или Велика Британија за да го принудат Израел да ја прекине војната против Хамас во Газа. Сепак, многу од нападнатите бродови имаат мала или никаква врска со конфликтот. јт/

Фото: Аспидес

Остани поврзан