• петок, 27 декември 2024

Западноафриканска делегација пристигна во Нигер во обид да се изнајде решение

Западноафриканска делегација пристигна во Нигер во обид да се изнајде решение

Ниамеј, 4 август 2023 (МИА) - Делегација од Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) синоќа пристигна во главниот град на Нигер, Ниамеј, за да се обиде да најде решение за кризата, осум дена по државниот удар со кој беше соборен демократски избраниот претседател Мохамед Базум.

Делегација на ЕКОВАС, предводена од поранешниот претседател на соседна Нигерија, Абдулсалами Абубакар, денеска треба да се сретне со пучистите во Нигер за да им ги достави барањата на лидерите на оваа панафриканска организација, се наведува во соопштението на претседателството. 

Нигерискиот претседател Бола Тинубу, актуелен претседавач со ЕКОВАС, побара да се направи се за да се најде пријателско решение за кризата во Нигер, по санкциите наметнати од оваа организација врз Нигер и ултиматумот упатен до пучистите за повторно воспоставување уставниот поредок.

ЕКОВАС воведе остри санкции против Ниамеј и им даде рок на пучистите до недела да го вратат избраниот претседател Мохамед Базум, соборен на 26 јули, и се закани дека ќе употреби сила доколку не го сторат тоа.

Организацијата ги прекина финансиските трансакции со Нигер и соопшти дека се подготвува за воена операција, нагласувајќи во исто време дека тоа е „последната опција на маса“. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан