• четврток, 26 декември 2024

Западните трупи остануваат во Авганистан и по мај

Западните трупи остануваат во Авганистан и по мај
Исламабад, 31 јануари 2021 (МИА) - Меѓународните сили планираат да останат и по крајниот рок предвиден со договорот меѓу талибанските бунтовници и Соединетите Американски Држави, што може да резултира со ескалација на тензиите доколку талибанците побараат целосно повлекување од територијата на Авганистан. - Сојузниците нема да се повлечат целосно до крајот на април. Условите не се исполнети. Со новата администрација во Вашингтон, може да бидеме сведоци на поинаква пресметка за стратегијата за излез, рече висок претставник на НАТО. Администрацијата на Трамп минатата година потпиша договор со талибанците кој подразбира заминување на странски трупи од Авганистан, под услов бунтовничките талибанци да обезбедат одредени безбедносни гаранции. По повлекувањето на дел од американските сили, во моментов во Авганистан се стационирани околу 2.500 американски војници, што е најмалку од 2001 година. паг/

Остани поврзан