• четврток, 26 декември 2024

Занзибар - туристичка атракција во подем

Занзибар - туристичка атракција во подем

Занзибар, 5 јули 2023 (МИА) - Занзибар е дел од државата Танзанија во Источна Африка, т.е. архипелаг што се состои од два поголеми острови - Унгуја и Пемба и повеќе помали острови.

Занзибар е островска полуавтономна област којашто се обедини со Тангањика во 1964 година, со што беше основана Обединетата Република Танзанија. Се работи за острови опкружени со тиркизната вода на Индискиот Океан, 25 - 50 километри оддалечни од брегот на африканското копно. Островите се прилично ниски - највисокиот врв достигнува само 120 метри надморска височина. Вреди да се спомне и тоа што околу половина од населението во областа живее под прагот на сиромаштија.

Главен град на островот е градот Занзибар и тој се наоѓа на островот Унгуја. Историското средиште на земјата - Камениот Град, е на списокот заштитено светско наследство.

Туризмот во Занзибар е стопанска дејност во развој, поттикната од Владата, што бележи раст - од 19.000 туристи во 1985. на 376.000 посетители во 2016 година. На островот се пристига преку пет морски пристаништа и меѓународниот аеродром „Абеид Амани Каруме“ што може да опслужи до 1,5 милиони патници годишно.

Морскиот екосистем на Занзибар е важен дел од економијата, риболовот и во однос на разновидноста на Индискиот Океан, со ендемски и ретки видови.  си/

Фото: Јутјуб.

Остани поврзан