• среда, 25 декември 2024

Занети: Се обидовме да го донесеме Меси во Интер

Занети: Се обидовме да го донесеме Меси во Интер

Милано, 7 февруари 2023 (МИА) – Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети, обелодени дека преговарал со својот сонародник Лионел Меси во времето кога аргентинскиот фудбалер заминуваше од Барселона, но договор не бил постигнат бидејќи италијанскиот клуб не можел финансиски да се натпреварува со француски ПСЖ и неколку премиерлигаши.

Меси во летото 2021 година замина од Барселона откако му истече договорот и прејде во редовите на ПСЖ.

„Бев изненаден кога Меси ја напушти Барселона. Не можевме да се натпреваруваме со ПСЖ или клубовите од Премиер лигата, меѓутоа, поради нашиот личен однос разговаравме (за трансфер), рече Занети во изјава за DAZN. ег/јт/

Остани поврзан