• петок, 08 ноември 2024

Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на декември

Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на декември

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Владата, на предлог на Министерството за економија, на денешната седница донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во вкупен износ до 10% и во вкупен износ до 15% во трговијата на мало.

Согласно денешната владина одлука, вака утврдената највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, наместо до 30-ти ноември, ќе се применува до 31-ви декември 2023 година, соопшти владината прес-служба.са/ев/

Фото: МИА

 

Остани поврзан