Замениците МНР на Грција и Турција посветени на дополнително проширување на билатералната соработка
- Заедничката посветеност за дополнително истражување на областите на билатерална и меѓународна соработка, ја повториле замениците-министри за надворешни работи на Грција и Турција, амбасадорите Александра Пападопулу и Мехмет Кемал Боза, во нивната заедничка изјава по одржаниот состанок во рамките на политичкиот дијалог меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 4 декември 2024 (МИА) – Заедничката посветеност за дополнително истражување на областите на билатерална и меѓународна соработка, ја повториле замениците-министри за надворешни работи на Грција и Турција, амбасадорите Александра Пападопулу и Мехмет Кемал Боза, во нивната заедничка изјава по одржаниот состанок во рамките на политичкиот дијалог меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.
Замениците шефови на грчката и турската дипломатија вчера во Атина го одржаа третиот состанок на политичкиот дијалог, а разговарале за „различните аспекти на билатералните односи и ги разгледаа неодамнешните случувања и перспективи во рамките подготовката на шестиот Совет за соработка на високо ниво што ќе се одржи во Турција следната година“.
Дополнително, како што велат во заедничката изјава, разговарале и за односите ЕУ-Турција и регионалните прашања, а средбата поминала во позитивна клима. ср/