• среда, 25 декември 2024

Заменик претседателот на Кнесетот, Нисам Ватури, го повтори својот монструозен став: Запалете ги, во Газа нема невини

Заменик претседателот на Кнесетот, Нисам Ватури, го повтори својот монструозен став: Запалете ги, во Газа нема невини

Тел Авив, 10 јануари 2024 (МИА) - Израелскиот политичар и заменик претседател на парламентот (Кнесет), Нисим Ватури, денеска го повтори својот повик да се запали Газа, отворено кажувајќи дека „таму нема невини“.

Ватури во ноември изјави дека Израел не смее да направи „ништо помалку од тоа да ја запали цела Газа“ и „да ја уништи“, додавајќи дека „Газа е Хамас“.

Денеска, за радиото „Хакол Барамах“, овој екстремен еврејски политичар изјави дека не се кае за своите зборови и дека стои на нив, додавајќи дека „подобро е да се запалат зградите отколку да се повредуваат војници“.

Алудирајќи на Палестинците кои останаа на северот на Газа по повторените наредби на израелската армија за заминување оттаму на југ, Ватури денеска кажа дека ги има стотици и дека тој за нив нема милост.

-Потребно е да ги елиминираме, рече израелскиот политичар, само еден ден пред рочиштето во Меѓународниот суд на правдата, каде Јужна Африка го обвинува Израел за геноцид. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан