• сабота, 16 ноември 2024

Заменик министерот Исени се сретна со претставници на чешката Служба за внатрешна контрола

Заменик министерот Исени се сретна со претставници на чешката Служба за внатрешна контрола

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска во МВР ги примил директорот на Генералниот директорат на безбедносните сили (ГИБС) на Чешка, Хендрих Вит.

Како што информираат од Министерството, Вит бил придружуван од заменик директорот на ГИБС, Петар Хвистек и полковник Андреа Шторхова, кои се во дводневна работна посета на македонското МВР, односно на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството.

На средбата, Исени поздравувајќи ги гостите од Чешка ја потенцирал досегашната извонредна билатерална соработка меѓу полициите на двете земји оценувајќи ја како партнерска и крајно конструктивна, особено во делот на поддршката на нашите напори за исполнување на бараните европски стандарди и критериуми во насока на целосно интегрирање на земјата во ЕУ. Воедно, како што се наведува во соопштението, токму соработката меѓу специфичните организациони единици за внатрешна контрола на двете полиции била потенцирана како еден од многуте конкретни и практични примери за успешното меѓусебно разбирање и партнерство во остварување на заедничките интереси.    

ГИБС е институција која врши контрола над работата на полициски службеници, припадници на затворска полиција, судска полиција и царинска управа на Чешка, и деновиве заедно со домаќините - нашите припадници на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, имаа плодни работни средби во кои што, меѓу другото, фокусот беше ставен на развивање и продлабочување на соработката меѓу двете служби на полето на остварување на внатрешна контрола на работниците и сузбивање на криминалот во редовите на полицијата.фф/са/

Фото: МВР

Остани поврзан