• сабота, 06 декември 2025

Заматена водата од регионалниот водовод Лукар поради обилните дождови 

Заматена водата од регионалниот водовод Лукар поради обилните дождови 
Кавадарци, 5 април 2023 (МИА) - Заматенан е водата од регионалниот водовод Лукар поради обилните дождови, информираа денеска од јавното претпријатие „Комуналец" во Кавадарци.
 
- Известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање пожелно е да се преврива. Ние ќе ја следиме состојбата и ќе известиме кога ќе се нормализира состојбата со водата, соопштија од комуналното претпријатие. 
 
Како што беше информирано претходно од агрометеоролошките станици на територијата на општината Кавадарци, на некои места, за 24 часа, наврнале и до 39 литри воден талог, на квадратен метар. свд/дма/
 
Фото : МИА архива

Остани поврзан