• среда, 25 декември 2024

Заложничка криза во близина на Париз, две лица повредени (видео)

Заложничка криза во близина на Париз, две лица повредени (видео)
Париз, 17 декември 2020 (МИА) - Парискиот весник „Ле Паризиен“ вечерва информира дека маж од местото Домон ја својата сопруга земал за заложник и претходно застрелал најмалку две лица. Национална група за интервенција на жандармеријата - ГИГН била пристигната на местото на инцидентот, во градот Домон, на дваесетина километри северно од Париз,  пренесоа француските медиуми. Според извештаите на медиумите, инцидентот се случил вечерва околу 20 часот, откако осомничениот бил затворен околу еден час со неговата сопруга. „Акту17“ јави дека едно лице е тешко повредено и дека двете жртви се пренесени во болницата. Инцидентот се случил во одделот Вал-Д'Ои, каде осомничениот бил управител на компанијата, јави БФМТВ повикувајќи се на извори запознати со случајот. Во извештајот се наведува дека неколку лица биле во зградата пред да се случи инцидентот. Според „Ле Паризиен“, државното обвинителство на Понтоаз веќе отворило истрага за „киднапирање и насилство со оружје“. Видеото, што е снимено на лице место и е споделено на социјалните мрежи, покажува големо полициско присуство. сд/
 

Остани поврзан