• недела, 24 ноември 2024

Законските измени за материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници на собраниска комисија

Законските измени за материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници на собраниска комисија
Скопје, 29 јули 2021 (МИА) - Законските измени со кои треба да се овозможи материјален надомест за уште 1 100 стечајни работници денеска се пред членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика во второ читање, по скратена постапка. Согласно овие измени уште 1 100 стечајци, кои имаат најмалку 14 години работен стаж во претпријатија со доминантна државна сопственост, ќе можат да добијат право на месечен надомест до вработување или пензионирање. Досега за право на надомест можеа да аплицираат граѓани кои имаа најмалку 15 години работен стаж. Со новиот Предлог-закон за стечајци се зголемува опфатот за дополнителни 1.100 стечајци кои ќе добијат можност да остварат месечен надомест во износ од 9.242 денари. Кога ги образложуваа измените од Владата и од МТСП, посочија дека досега со неколку законски решенија бил обезбеден финансиски надомест за 11 420  невработени лица чиј работен однос престанал по ликвидација, стечај или технолошки вишок, а работеле во претпријатија со доминантна државна сопственост. Со последните измени вкупно 13 000 стечајци ќе добиваат материјален надомест до пензионирање или до вработување.сст/лв/

Остани поврзан