• вторник, 24 декември 2024

Законот за надворешни работи ќе се менува по редовна постапка во Собранието, велат извори во МНР

Законот за надворешни работи ќе се менува по редовна постапка во Собранието, велат извори во МНР

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Законот за надворешни работи ќе се менува по редовна постапка во Собранието. Најпрво ќе се менува во делот заради преземањето на надлежноста за надворешна трговија, но ќе претрпи измени и делот на надворешните работи, со цел Министерството да биде пофункционално, велат извори во МНР, додавајќи дека измените ќе бидат презентирани пред да бидат објавени, со цел законот да биде транспарентно донесен.

Во однос на редот и дисциплината во Министерството, извори во МНР, велат дека имало поединци со високи дипломатски, дури и со амбасадорски звања, на кои не им бил даван никаков ангажман, на дел од нив им се дозволувало да не одат на работа, додавајќи дека тоа повеќе нема да се толерира.

Во однос на амбасадорските места, извори во МНР посочуваат дека е отпочната процедура за тоа кој ќе го пополни амбасадорското место во ОН во Њујорк, откако досегашниот амбасадор Љубомир Фрчкоски поднесе оставка. 

Изворите додаваат дека има рок којшто му следува што го добива за пред враќањето во државава и тој рок веќе тече, со што тој за неколку недели ќе биде вратен во државава, со што ќе заврши неговиот мандат како амбасадор, но, велат оттаму, со тоа нема да завршат процесите за сериозните недостатоци по неговата работа и тие процеси ќе продолжат во рамки на Министерството.

За амбасадорите Весел Мемеди во Италија и Андреј Жерновски во Романија, додаваат изворите, се уште траат внатрешните процедури во рамки на МНР.

Во врска со наводите за недоследности во уште во две амбасади, извори во МНР засега не откриваат за кои амбасади станува збор, како што велат, од почит кон државата во која се акредитирани и се уште се вршат внатрешни контроли и процедури. нд/бак/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан