• сабота, 28 декември 2024

Законот за безбедност за Хонгконг не предвидува ретроактивни казни

Законот за безбедност за Хонгконг не предвидува ретроактивни казни
Пекинг, 15 јуни 2020 (МИА) - Новиот закон за национална безбедност за Хонгконг не предвидува луѓето да се казнуваат ретроактивно, изјави денеска Денг Џонгуа, заменик директор на Канцеларијата за Хонгконг и Макао. Тој истакна дека Пекинг мора да има можност да има јурисдикција врз најсериозните случаи во областа на националната безбедност. Денг нагласи дека законот ќе биде согласно законите и правосудниот систем во Хонгконг. Законот за безбедност, со кој како кривично дело се третираат сецесијата, субверзијата, тероризмот и странското мешање во Хонгконг, го осудија западните земји, како што се Велика Британија, САД и Австралија. гт/

Тагови

Остани поврзан