• вторник, 24 декември 2024

Заклетва на 36 нови волонтери на Мировниот корпус

Заклетва на 36 нови волонтери на Мировниот корпус

Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - Триесет и шест нови волонтери на Мировниот корпус денеска во  Музејот на македонската борба за самостојност официјално ќе положат заклетва пред амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер. Тие ќе се приклучат на групата која има повеќе од 900 волонтери кои служеле во Северна Македонија.

На настанот ќе се обрати и министерката за образование и наука Весна Јаневска, а меѓу поканетите гости се и претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за локална самоуправа, Зоран Перински, претставници на организациите партнери и семејствата домаќини, како и идните соработници на волонтерите.

Ова е дваесет и седмата група која ќе живее и работи во Северна Македонија од отворањето на првата канцеларија на Мировниот корпус во Скопје во 1996 година.

-Овој свечен настан ќе го одбележи успешното завршување на интензивната 11- неделна обука во која волонтерите ги изучуваат македонскиот и албанскиот јазик и култура. По давањето заклетва, новите волонтери на Мировниот корпус ќе ја почнат својата двегодишна служба во заедниците низ Северна Македонија. Тие ќе работат како наставници по англиски јазик заедно со локални наставници по англиски јазик, а дел од нив ќе служат како специјалисти за развој на заедницата кои ќе работат со различни организации и општини, соопшти Мировен корпус Северна Македонија. хс/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан