• среда, 18 декември 2024

Заканувајќи се со огнено оружје две лица украле пари од поштата во тетовска Мала Речица

Заканувајќи се со огнено оружје две лица украле пари од поштата во тетовска Мала Речица
Тетово, 11 април 2022 (МИА) - Оружен грабеж се случил претпладнево во објект на „Пошта на Северна Македонија“ во тетовска Мала Речица. Две лица го извршиле грабежот, за кој засега нема информации колку пари се одземени. - Денеска околу 10 часот и 15 минути во СВР Тетово, вработен во „Пошта на Северна Македонијa“ пријавил дека во експозитура во тетовска Мала Речица две лица со закана со огнено оружје одзеле пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, информираа Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. По увидот ќе почнат и други мерки за расчитување и документирање на случајот. ас/цр

Остани поврзан