• сабота, 23 ноември 2024

Закани за израелски спортисти на Игрите во Париз

Закани за израелски спортисти на Игрите во Париз

 

Париз, 7 август 2024 (МИА) – Олимпискиот тим на Израел соопшти денеска дека неколку спортисти добиле закани додека се натпреваруваат во Париз во услови на зголемени тензии поради војната во Појасот Газа и заканата од поширок регионален конфликт на Блискиот Исток.

Претседателот на Олимпискиот комитет на Израел, Јаел Арад, рече дека членовите на тимот добиле „централизирани“ закани со цел да предизвикаат „психолошки терор“ меѓу спортистите, без да наведе детали.

Обвинителството во Париз минатата недела отвори истрага за смртни закани испратени до израелски спортисти по електронска пошта, а националната агенција за сајбер криминал го истражува протекувањето на лични податоци на некои израелски спортисти на интернет, кои оттогаш се отстранети.

Олимписките игри кои започнаа на 26 јули ќе траат до 11 август. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан