• среда, 18 декември 2024

Закажан состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски

Закажан состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и Виктор Андонов, советник за енергетика на премиерот, во текот на утрешниот ден ќе остварат состанок со една од компаниите за набавка на природен гас која што како контакт до Владата ја даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. И Бектеши, како што рече, ќе учествува на средбата која нема да се одржи во Скопје, туку ќе биде надвор од земјава,а јавноста детално ќе биде информирана за разговорите и понудата. Состанок со другата компанија, за набавка на поевтин мазут, што исто така ја посочи Мицкоски, се очекува до крајот на неделата, најверојатно за викендот, во сабота или во недела. -Да, стапивме во контакт со една од компаниите. Во однос на компанијата што ја предложи Мицкоски за природен гас утре е закажен состанок со генералниот директор, а ќе присуствуваат премиерот Ковачевски, неговиот советник за енергетика и јас. Ќе разговараме за детали. Ако условите и понудата  е прифатлива за ЕСМ, тоа треба да го направи ЕСМ со трговец со природен гас, истакна Бектеши во Дневникот на ТВ Сител. Од македонска страна, напомена, веќе се пратени количините и потребите, вклучително и потребите на ТЕ-ТО. -Се работи за компанија регистрирана во Европа. Согласно најавите утре понудата треба да се детализира од страна на компанијата и ќе ја известиме јавноста откога ќе ги завршиме преговорите.Средбата нема да биде во Скопје, туку надвор од Северна Макдонија. Ние во текот на утрешниот ден ќе се вратиме и јавноста ќе биде информирана за понудата и за тоа како течеа преговорите, подвлече Бектеши. Во однос на разговорите со Србија, тој оцени дека се блиску до договор. -Блиску сме до договор со Србија. Очекуваме српската страна да одлучи, нашиот предлог е пратен. Нивниот експертски тим треба да ги извести министерката за енергетика Зорана Михајловиќ и претседателот Вучиќ, но до денеска, за жал, немаме одговор. Нема да чекаме, зашто разгледуваме различни понуди, рече министерот. Тој уште еднаш апелира граѓаните да не се грижат зашто ќе има топлинска и електрична енергија. -Но, тоа не тереба да биде на штета на Буџетот. Затоа ќе се склучи договор за најдобрата понуда. Грѓаните да бидат спокојни зашто ние можеме да покриваме 100 отсто топлинска енергија од топланите, но ако работи ТЕ-ТО, помали ќе бидат трошоците, рече Бектеши. мч/дма/  

Остани поврзан