• сабота, 27 јули 2024

Закажана премиерата на новата серија под наслов „Живи мртовци“

Закажана премиерата на новата серија под наслов „Живи мртовци“
Лос Анџелес, 17 јануари 2020 (МИА) - Веднаш по завршувањето на 10. сезона од оригиналната ТВ-серија „Живи мртовци“, следува сосем нова насока под истиов наслов. Новата серија се надоврзува на крајот од последната епизода, ама станува збор за нова приказна со нови главни ликови. Се работи за „Живи мртовци: Светот одонде“ (The Walking Dead: World Beyond), чијашто пилот-епизода е закажана за 12 април годинава. Главните улоги ќе ги глумат Анет Махендру, Алија Ројал, Нико Торторела и други. Меѓу попознатите глумци, како епизоден лик се најавува и Џулија Ормонд. Претходно имаше неколку обиди за спин-оф продолженија под насловот „Живи мртовци“, но од новата серија, според познавачи, се очекува повеќе. си/ми/

Остани поврзан