• сабота, 23 ноември 2024

„Заедно“ уметничка вечер на лицата со посебни потреби и пензионерите во Велес

„Заедно“ уметничка вечер на лицата со посебни потреби и пензионерите во Велес

Велес, 17 јули 2024 (МИА) - Во рамките на програмата на „Велешко лето 2024“, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес и Здружението на пензионери од Велес, синоќа на отворено во паркот на ООУ„Васил Главинов“ во Велес одржаа заедничка уметничка вечер насловена „Заедно“, која ја проследија голем број граѓани, а меѓу нив и градоначалникот Марко Колев.

Тој  потенцира дека оваа заедничка вечер на овие две велешки здруженија ни покажаа дека заедно можеме да создадеме поубав свет, полн со љубов, радост, разбирање и уметност од секаков вид.

-Навистина уживавме во искреноста на сите нивни изведби и дела во рамки на „Велешко лето 2024“, потенцира Колев.

Инаку програмата на „Велешко лето 2024“ што ја организира Општина Велес продолжува во четврток во 20 часот на Пумп траката во Градскиот парк со Велосипедски хепенинг на здружението „Велес бајкинг“. Во тие рамки ќе се одржат натпревари-техничко брзинско возење, а ќе има и обука и бесплатно сервисирање на велосипеди, а сите што имаат вишок велосипеди ќе можат и да донираат велосипед. ад/

 Фото: Општина Велес

Остани поврзан