• понеделник, 23 декември 2024

Заев: Извршителите нема да извршуваат во следните три месеци, следува и мораториум на рати за кредити

Заев: Извршителите нема да извршуваат во следните три месеци, следува и мораториум на рати за кредити
Скопје, 19 март 2020 (МИА) - Ние сме држава во развој, но подготвени ja пречекуваме оваа криза, следува поместување на плаќањето на кредитите и одлагање на извршувањата од извршителите, порача вечерва претседателот на СДСМ Зоран Заев во емисијата Клик плус на ТВ 21.
- Априлската рата и фирмите и граѓаните погодени од кризата ќе можат да ја платат во јули месец и ако требало да ја платат во април имаат уште 12 рати кои што им завршуват во април 2021 година почнувајќи сега со тој мораториум да плаќаат од јули 12 рата ќе им заврши во јули 2021 година. Тоа значи дека имаме буквално поместување за три месеци. Во овие три месеци и десет дена ќе се случи и стопирање на сите извршители, ќе има уредба со законска сила, сега владата е во вонредна состојба ќе има брзи и ефикасни модалитети, истакна Заев.
Лидерот на СДСМ истакна и дека со тимот експерти работи на нов, огромен пакет економски мерки за поддршка на стопанството, на фирмите, работниците и граѓаните, за санирање на економските последици од глобалната пандемија со коронавирусот, најавувајќи вкупна финансиска поддршка од 200 милиони евра во стопанството.
- 43.000 е бројката на вработени во угостителството и трговијата, кои се првично зафатени со кризата. Овие мерки кои се најавени од Владата, до сега имаат сериозен импакт. Особено кредитите без камата од Банката за развој, инвестиции во придонесите за вработените кои ги намалуваме за 50 отсто и други. Ние имаме до сега 20-тина милиони евра алокација кон здравствтото, потоа имаме кон Центарот на управување со кризи, Армијата, полицијата каде веќе 30 милиони евра се алоцирани. До 200 милиони евра ќе стигне финансиската подрршка за стопанството, рече Заев. нд/

Тагови

Остани поврзан