• четврток, 26 декември 2024

Заев: 54 милиони денари награда за здравствените работници и помошно-техничкиот персонал, идната година повисоки плати во здравството за 10 отсто

Заев: 54 милиони денари награда за здравствените работници и помошно-техничкиот персонал, идната година повисоки плати во здравството за 10 отсто
Скопје, 1 ноември 2020 (МИА) - Oбезбедуваме 54 милиони денари за награда на здравствените работници и помошно-техничкиот персонал, кои се борат против Ковид-19. Од почетокот на кризата, но и претходно, Владата предводена од #СДСМ презема сериозни чекори за унапредување на здравствениот систем и за зајакнување на неговите капацитети, објави вечерва премиерот Зоран Заев на својот фесбук-профил. Посочува дека состојбата со коронавирусот е сериозна. Затоа, нагласува, како одговорна партија постојано инвестираме во нашиот здравствен систем, кој со месеци е во борба со пандемијата од Ковид-19. - Следната година следува зголемување на платите во здравството за 10 отсто. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40 отсто повисоки од денес, истакнува премиерот Заев. рп/

Остани поврзан