• четврток, 26 декември 2024

Заев: Час поскоро да одиме на избори

Заев: Час поскоро да одиме на избори
Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) - Опозицијата треба да биде прва што ќе бара избори за да може да има Парламент, за да има политичка влада којашто нема да се „пренемага“ како да ги носи одлуките, ќе си преземе одговорност да носи храбри одлуки, недај боже да имаме уште потешка состојба од оваа, кој ќе носи одлуки. Затоа мора граѓаните да пренесат легитимитет на влада, на парламент, да имаме институции, здраво е за државата и заради здравството и заради економијата и заради демократијата да имаме парламент и да имаме политичка влада којашто ќе си преземе одговорноста, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој во интервјуто на ТВ21 рече дека што поскоро мора да се одржат избори со цел да се постават институциите во целосна функционалност. - Доволно е изморен народот од овие калкулации и затоа ни се неопходни изборите. Не можеме ништо да скриеме од народот, оти народот знае кој постапува, кој не. Затоа час поскоро да се оди на избори, затоа што мораме да ги поставиме институциите. Немаме парламент, имаме техничка влада. Редно е да организираме избори за да може државата да функционира, нагласи лидерот на СДСМ. Заев рече дека претседателот Стево Пендаровски нема предлог од страна на техничката Влада за продолжување на вонредната состојба, посочувајќи дека неможе тој самиот да предложи и да си прогласи вонредна состојба. Истакна дека денешните бројки, на заразени со Ковид-19, не болат сите, но, како што рече, бројките можат да бидат исти и на 15 јули и на 15 август и на 15 септември и на 15 ноември. см/сп/

Остани поврзан