• сабота, 23 ноември 2024

Заев: Фондацијата Фридрих Еберт со своите програми учествува во вградувањето на европските вредности во нашето општество

Заев: Фондацијата Фридрих Еберт со своите програми учествува во вградувањето на европските вредности во нашето општество
Скопје, 29 јуни 2021 (МИА) - Република Северна Македонија оваа година слави 30 години од својата независност, а Фондацијата Фридрих Еберт полни 25 години со своите програми учествува во вградувањето на овие вредности во нашето општество, истакна премиерот Зоран Заев во своето обраќање по повод 25-годишнината од отворањето на канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во нашата земја. - Сакам да ја изразам и мојата благодарност како премиер, и благодарноста на Владата на Република Северна Македонија, како и на народот на нашата земја, за сето она што фондацијата го даде во изминатите 25 години како свој придонес во развојот на демократските вредности на нашето општество. Да присуствувам на оваа свеченост прифатив и како израз на мојата обврска како добитник на наградата на Фондацијата создадена на иницијатива на високо почитуваните Карл и Ида Фејст, изјави Заев. Заев додаде дека наградата што ја добил се доделува за поддршка за правата на работниците и нивната животна филозофија, што се совпаѓа и со неговата лична филозофија – „живот за сите, еднаквост за сите, дијалог пред сѐ, конфликт никогаш“. - Паричните средства од наградата ги донирав во државниот фонд за борба против КОВИД-19 во име на солидарност кон сите кои се погодени или кои учествуваат во справувањето на пандемијата. Солидарноста е уште една вредност која ја негува и афирмира Фондацијата Фридрих Еберт, заедно со другите вредности на социјалдемократијата: слобода, правда, и дијалог, рече премиерот. Како што информира владината Прес-служба, поддршката на Фондацијата е важна за поврзување на клучните актери и засегнатите страни во областа на меѓународната соработка, беше од исклучителна важност во неколку наврати од нашата понова политичка активност. Инаку, како дел од севкупната поддршка на Германија, Фондацијата Фридрих ЕБерт од 1996 година ја започна својата работа за поддршка на процесот на трансформација на државата во областите на граѓанско учество и активизам, социјален дијалог, пристапување на Северна Македонија во Европската унија и регионална соработка на Западен Балкан. свс/сп/

Остани поврзан