• недела, 28 јули 2024

Заев: Сасоли беше голем пријател на Северна Македонија

Заев: Сасоли беше голем пријател на Северна Македонија
Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) - Со голема тага ја примив веста за смртта на претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли. Како голем поддржувач на европската идеја, нè поврза силното пријателство во споделување на највисоките европски вредности, напиша денеска премиерот во оставка Зоран Заев на својот фејсбук профил.
Како што наведува, Сасоли се залагал за исполнување на ветувањата за поетокот на преговорите со нашата земја.
-Беше голем пријател на Северна Македонија и на нејзиниот народ и се залагаше ЕУ веднаш да ги исполни ветувањата за почеток на преговори со нашата земја. Нека почива во мир, напиша Заев на Фејсбук.бт/са/

Остани поврзан