• среда, 18 декември 2024

Заев: Политиките за поголема транспарентност и отчетност на институциите даваат позитивни резултати

Заев: Политиките за поголема транспарентност и отчетност на институциите даваат позитивни резултати
Скопје, 7 јуни 2021 (МИА) - Владата од категорија „просечна транспарентност“ во 2016 година со 25 проценти, оваа година се искачи на 93,5 отсто и е во категорија на институции со „многу добра транспарентност“, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил. Активната транспарентност на министерствата, Владата и општините, како што пишува премиерот е зголемена за 18 проценти од 2016 година, според најновите податоци на извештајот за „Индекс на активна транспарентност 2021 година“ на Центарот за граѓански комуникации, поддржан од УСАИД. Вкупната активна транспарентност за 2021 година изнесува 63 проценти, за разлика од 2016 кога била 45 проценти. - Транспарентноста е еден од главните постулати врз кои се темелат политиките на Владата и има важна улога во борбата против корупцијата. Ме радува тоа што политиките во насока на поголема транспарентност и отчетност на институциите даваат позитивни резултати, а тоа се нотира во релевантните извештаи, пишува Заев. ки/дма/

Остани поврзан