• среда, 25 декември 2024

Заев: Победници сме сите ако имаме фер, регуларни и демократски избори

Заев: Победници сме сите ако имаме фер, регуларни и демократски избори
Скопје, 6 октомври 2021 (МИА) - Последните неколку изборни циклуси имаме добри, позитивни извештаи од ОБСЕ/ОДИХР, очекувам тој тренд да продолжи и со овие локални избори, порача вечерва претседателот на Владата и лидер на СДСМ Зоран Заев во интервју за ТВ Шења.
-Јас очекувам дека ќе имаме фер и демократски избори. Прво сите предуслови се запазени, а пред се измените на Изборниот законик со новините со опозицијата, во што учествуваа и политичките партии. ВМРО – ДПМНЕ побара отисок на прст, тој го има веќе вградено во Законот, нешто што е важно за нив, а беше и наше барање кога бевме опозиција. Дополнителен гарант за „еден човек еден глас“ што е многу важно во демократијата, рече Заев.
Верувам, како што кажа, дека сите штабови меѓусебно соработуваат, еве ние со нашиот прв опонент ВМРО-ДПМНЕ имаме координација прво заради распределбата на термините за не се „судриме“ во некои општини.
-Но, си ветивме дека ќе креваме телефон ако видиме дека некои од нашите поддржувачи/активисти на терен не се однесуваат како што треба, па да превенираме, да спречиме, веднаш да делуваме. Тоа треба да биде така, оти на крајот, тој што ќе победи ако е тоа на нефер, недемократски избори – таа победа не е победа. Победници сме сите ако имаме фер, регуларни и демократски избори во којшто ќе веруваат сите. На крајот, околу некакво непризнавање на изборите, граѓаните знаат да препознаат дали е тоа реакција на некој ако реагира заради тоа што е поразен или има основ за такво нешто, заедничка должност на сите е да имаме фер и демократски избори. Само така сме сите победници, посочи Заев.
Тој очекува на претстојните локални избори да победат по сите основи бидејќи, како што рече,
ја имаат најдобрата кадровска и програмска понуда.
- Верувам дека ќе победиме. Верувам по сите основи на коишто ќе се мери победа. А тоа е вкупен број на гласови, вкупен број градоначалници, вкупен број советнички места во државата вклучително и Град Скопје. Тоа се според мене критериумите за победа. Јас верувам дека ќе ги исполниме сите овие четири основи за да прогласиме победа. Нормално, на крајот одлуката е на граѓаните. Тоа е само мое чувство ама го темелам на основа на политичкото искуство кое го имам, на основа на анкетите и истражувањата којшто ги очекувам. Сите анкети, вклучително и тие што ги прави ВМРО–ДПМНЕ во нивниот штаб, покажуваат преку 10 отсто поголема разлика во полза на СДСМ во очекувањето на тоа кој ќе победи на изборите, рече Заев. мд/са/

Остани поврзан