• вторник, 24 декември 2024

Заев очекува низ дебата да се сфати придонесот на еколошката такса за животната средина

Заев очекува низ дебата да се сфати придонесот на еколошката такса за животната средина
Скопје, 28 јуни 2021 (МИА) - Воведувањето еколошка такса на горивата што е предвидено од 1 јули годинава според премиерот Зоран Заев ќе се компензира со тоа што се очекува да се укине воведената акциза од два денара на горивата. Иако се најавени блокади во Парламентот верува дека врз основа на дебата ќе се сфати колку е тоа драгоцено и важно. -Еколошката такса се воведува во момент кога се укинува  акцизата од три денари што ја  донесовме за време на корона-кризата. Сега барел нафта е 596 долари, ако помине нафтата на берзите 600 долари, а се очекува да се случи деновиве, ќе се укинат и двата денари акциза, така што имаме едно компензирање со што акумулираме еден еколошки фонд, рече премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање, по отворање на нова спортска сала во во ООУ „Јоаким Крчоски“ во село Волково. Ако се донесе на почеток на јули, потсети, се  акумулираат 1,685 милијарди денари или за една година 3,330 милијарди денари, односно тоа се 55 милиони евра пари годишно само од оваа такса.  Дополнително, како што рече, ќе се слеваат средства во Еколошкиот фонд и преку проекти како што е оној најавен од Луксембур во Неготино за собирање на сметот при што сите приходи што ќе ги плаќаат комуналните претпријатија од 25 евра по тон за депонирање на сметот ќе одат во еколошкиот фонд, односно 14 милиони евра дополнителни средства. -Убеден сум дека ваките работи што ги прави целиот свет, и навистина води грижа за граѓаните, за намалување на загаденоста на воздухот и севкупата заштита на животната средина и нашиот Парламент ќе го следи и иако се најавени блокади јас верувам дека врз основа на дебата ќе сфатиме сите колку е тоа драгоцено и важно, истакна Заев и Потсети дека секоја година има дебата во Скопје за загаденост на воздухот и како што рече,  да не зборуваме за се што треба да решиме од фабрики за  селекција на отпад, до фабрики за прочистување на отпадни води  и уште огромен број проекти ширум државата.скс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан