• недела, 24 ноември 2024

Заев: Очекувам масовна излезеност на изборите, здравствените протоколи се обезбедени, нема ризик за гласачите

Заев: Очекувам масовна излезеност на изборите, здравствените протоколи се обезбедени, нема ризик за гласачите
Скопје, 12 јули 2020 (МИА) - Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју Канал 5, се осврна на очекувањата од изборите и нагласи зошто е важно на 15 јули граѓаните да излезат и да гласаат за Коалицијата Можеме.
-Верувам дека граѓаните ќе излезат во масовен број. Зошто? Бидејќи ако не излезат ризикуваат враќање не режимот. А безбедноста на гласачите не е донесена под прашање. Сите знаат дека со Венко Филипче, со оваа Влада, со оваа здравствена комисија дека сме безбедни. Многу поризично е враќањето на режимот што ќе значи враќање на хаосот во здравството и економијата, затоа бараме поддршка од граѓаните, на 15 јули да ја поддржат нашата понуда преку глас за бројот 3, истакна Заев. ац/
 

 

Остани поврзан