• недела, 06 октомври 2024

Заев: Ние сѐ уште се загреваме за Европа, нашата најдобра игра допрва следува

Заев: Ние сѐ уште се загреваме за Европа, нашата најдобра игра допрва следува
Скопје, 13 јуни 2021 (МИА) - Честитки до Горан Пандев и до македонската репрезентацијата за првиот, историски гол на ЕП за Северна Македонија, објави вечерва на Фејсбук премиерот Зоран Заев, додавајќи дека ние сѐ уште се загреваме за Европа, нашата најдобра игра допрва следува! - Го живееме сонот кој го чекавме 30 години, да заиграме на Европското првенство во фудбал, рамо до рамо со најдобрите.Бие срцето силно за црвено-жолтите, за нашата македонска гордост. Со полна душа го следевме секој ваш чекор на теренот, покажавте одлична игра, нѐ направивте горди и среќни, истакнува премиерот Заев во објавата. сп/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан