• среда, 27 ноември 2024

Заев: Не го давајте Скопје на оние кои веќе го унакажаа

Заев: Не го давајте Скопје на оние кои веќе го унакажаа
Скопје, 23 октомври 2021 (МИА) -  Не го давајте Скопје на оние кои веќе го уканажаа и нагрдија, порача вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој на предизборниот  граѓански собир на СДСМ и Коалицијата во Скопје побара поддршка за заедничка прогресивна иднина и за, како што рече, Скопје европски град, Скопје кое сплотува, Скопје наше, ваше, твое на сите. -Вашето и наше Скопје го заслужува најдоброто и ништо помалку од најдоброто. Слободумните граѓани на Скопје знаат да одржат лекција, но знаат и кога им се потребни ан својот град и својата држава но и ги знаат своите одговорности. Прогресивното граѓанство на 31 октомври ќе гласа за прогрес бидејќи тоа е нашата лична идеологија  - најдоброто за сите,  рече Заев. Обединети напред, наведе Заев, е благородна визија и е најважната рационална цел за да продолжиме да се развиваме во духот и рамо до рамо со прогресивниот свет.  Тоа е патот за на којшто сме посветени и зашто се обединуваме.  Обединети напред е единствениот концепт којшто во себе го носи капацитетот да го осигура прогресот на државата. Тоа е и основниот предуслов за спокоен и квалитетен живот на секој човек и на секое семејство  во нашето заедничко Скопје, но и во нашата заедничка држава РСМ.лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан