Заев на ФБ: Договорот од Преспа го смени лицето на Балканот
- Договорот од Преспа го смени лицето на Балканот, како динамичен регион кој низ историјата знаел да гради и ѕидови помеѓу народите, напиша премиерот на својот фејсбук-профил.
Скопје, 9 јуни 2021 (МИА) - Договорот од Преспа го смени лицето на Балканот, како динамичен регион кој низ историјата знаел да гради и ѕидови помеѓу народите, напиша премиерот на својот фејсбук-профил.
Тој потенцира дека со пресвртот на водењето на Северна Македонија започнавме ново поглавје, со кое на Европа и светот им дадовме еден поинаков Балкан, Балкан кој гради мостови.
- Договорот од Преспа значи почеток на ново поглавје со кој на светот му покажавме еден поинаков Балкан. Јасната политичка визија е можна кога за тоа има силна волја и сигурен поглед кон иднината. #PrespaForumDialogue кој ќе се одржи на 1 и 2 јули во Северна Македонија е уште еден чекор за што повеќе изградени Балкански мостови, напиша Заев.фф/лв/