• среда, 25 декември 2024

Заев на ФБ: Граѓаните да ги почитуваат мерките за да се намали ширењето на вирусот

Заев на ФБ: Граѓаните да ги почитуваат мерките за да се намали ширењето на вирусот
Скопје, 22 октомври 2020 (МИА) - Премиерот Зоран Заев вечерва апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и на тој начин да придонесат во намалување на ширењето на Ковид -19.
- Работното време на сите угостителски објекти се ограничува до 23 часот, освен за оние што вршат достава на храна. Апелираме граѓаните да ги почитуваат мерките, само преку почитување на мерките може да придонесеме во намалување на ширењето на КОВИД-19, напиша Заев на Фејсбук. бак/вј/

Остани поврзан