• недела, 17 ноември 2024

Заев на проштална средба со генерал Јанкович: Канцеларијата на НАТО во Скопје ја круниса својата мисија со членството на земјата во Алијансата

Заев на проштална средба со генерал Јанкович: Канцеларијата на НАТО во Скопје ја круниса својата мисија со членството на земјата во Алијансата
Скопје, 31 март 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска оствари проштална средба со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, генералот Зоран Јанкович, на која двајцата изразиле задоволство од нејзината работа, која ја заврши успешно својата мисија и ја пружи неопходната поддршка на процесите до полноправното членство на Република Северна Македонија во Алијансата. Заев, како што информираат од владината прес-служба, се заблагодарил за одличната соработка со генерал Јанкович и со целиот тим на Канцеларијата за врски на НАТО, кои своите професионални обврски ги извршуваа како вистински пријатели на Северна Македонија, а на генералот Јанкович му изрази посебна благодарност за поддршката, му порача дека Република Северна Македонија може да ја смета за своја втора татковина и му посака плодна и понатамошна успешна кариера. Генералот Зоран Јанкович, се вели во соопштението, се заблагодари на досегашната соработка и истакна дека членството во НАТО е резултат на работата на оваа Влада и дека е горд што беше дел од овој процес. аа/сп/

Остани поврзан