• среда, 25 декември 2024

Заев на Клан ТВ: Лузните од 27 април се потврда колку сакам да успее концептот Едно општество за сите

Заев на Клан ТВ: Лузните од 27 април се потврда колку сакам да успее концептот Едно општество за сите
3 февруари 2020 Зборувајќи за меѓуетничките односи на гостувањето во телевизија Клан, претседателот на СДСМ, Зоран Заев потсети на крвавите настани од 27 април со цел да илустрира како заедништвото кај политичарите може позитивно да се одрази врз односите помеѓу граѓаните. „Лузните што ги носам од тие настани се мојот обид да го заштитам претседателот на парламентот, Талат Џафери. Тој не е претседател само на Албанците, тој е и мој и наш претседател. Ако политичарите демонстрираат единство, тогаш многу полесно и граѓаните ќе покажат толерантност, почитување и заедништво. Периодов патува низ многу села со албанско население и многу се чувствувам горд кога Албанците ми пристапуваат, ми покажуваат почит, особено кога ми велат дека сега и државата ги сака нив, а не само тие – неа. Големи премостувања направивме за овие две години работејќи на концептот Едно општество за сите. Јас подеднакво се борам и за Албанците во оваа држава, и тие тоа го препознаваат. Го чекам моментот кога и другите Македонци ќе го прават тоа, но и кога Албанците ќе се борат за Македонците, и ве уверувам дека така ќе биде во нашата држава“- изјави Заев. Претседателот на СДСМ во телевизиското интервју ги повика гласачите Албанци уште еднаш, овој пат во поголем број, да му ја дадат поддршката на изборите, затоа што само политиката на СДСМ овозможува еднаквост, развој и просперитет на младите генерации. „Не сакам и понатаму нашите деца да се мразат, да имаат конфронтации, да се делат, па на крајот и да се тепаат во школските автобуси. Кому му треба тоа? Децата не смее да ги делиме, тие се нашата иднина, сакам да ги научиме дека сите деца во нашата држава треба да живеат како браќа и сестри, а ние можеме да испорачаме сигурна и среќна иднина за нашите поколенија“- заврши Заев.
Центар за комуникации на СДСМ 
______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

 

Остани поврзан