• вторник, 24 декември 2024

Заев: Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, доста беше омраза

Заев: Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, доста беше омраза
Скопје, 28 ноември 2020 (МИА) - Јас сум Македонец, кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет, напиша вечерва на својот Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев. Додава дека единствената разлика не е идентитетската, туку и таа во однос на различните погледи на светот. -Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи. Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза!, нагласува Заев во својот пост на Фејсбук. ац/

Тагови

Остани поврзан