• четврток, 26 декември 2024

Заев му честита на Санчез за мнозинството за формирање Влада

Заев му честита на Санчез за мнозинството за формирање Влада
Скопје, 7 јануари 2020 (МИА) - Претседателот на СДСМ Зоран Заев му упати честитки на шпанскиот премиер Педро Санчез, кој денеска во вториот обид успеа да добие мнозинство за да формира Влада. -Честитки за добиеното мнозинство за формирање Влада. Шпанија продолжува прогресивно, што ќе овозможи стабилност и правичен развој на Европа, напиша Заев на својот Твитер налог. -Очекуваме навремена ратификација на нашиот НАТО протокол и се радуваме што наскоро ќе бидеме 30 сојузник во НАТО, додаде Заев. ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан