• среда, 18 декември 2024

Заев му посака добредојде на Ципрас во Струмица

Заев му посака добредојде на Ципрас во Струмица

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) -  Поранешниот македонски премиер Зоран Заев му посака добредојде во Струмица на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

- Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас кој денеска ми е на гости во приватна посета. Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен. Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности, напиша попладнево Заев на Фејсбук.

Дописничката на МИА од Атина денеска јави дека станува збор за еднодневна приватна посета.

Во периодот кога Заев и Ципрас беа премиери на двете земји беше потпишан Договорот од Преспа, а оттогаш одржуваат пријателски односи.

На Конгресот на СИРИЗА одржан минатата година, додека Ципрас беше претседател на партијата, присуствуваше и Заев кој им се обрати на членовите на партијата. дма/са/

Фото:Фејсбук

Остани поврзан