• среда, 25 декември 2024

Заев - Лајчак: Скопје го изработи својот дел од обврските, време е Брисел да испорача

Заев - Лајчак: Скопје го изработи својот дел од обврските, време е Брисел да испорача
Скопје, 9 мај 2021 (МИА) - Северна Македонија го одработи својот дел од обврските. Време е ЕУ да испорача, без одложување, бидејќи секоја поинаква одлука ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ пред целиот Западен Балкан. Ова, како што објави на Твитер премиерот Зоран Заев, е заедничката порака за која се согласиле со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, на вечерашната средба во Брисел. Средбата со Лајчак, е прв од серијата разговори со високи претставници на ЕУ што ќе ги има премиерот Заев денеска и утре во Брисел. Заев утре во седиштето на ЕУ во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел, со извршниот потпретседател на ЕК, Франс Тимерманс и со еврокомесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји. На средбите на Заев со високите европски претставници на кои ќе биде придружуван од вицепремиерот Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, се очекува да се разговара за пристапниот процес на С Македонија кон Европската Унија, за бугарското вето, но и за последните изјави на еврокомесарот Вархеји дека е можно раздвојување на Скопје и Тирана на европскиот пат. Според најавата од владината прес-служба, премиерот Заев за време посета на Брисел ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја актуелен претседавач со ЕУ. Предвидени се средби и со европарламентарците Дачиан Чолос, претседавач на групата Europe Renew и со Илхан Ќучук, известител на ЕП за Северна Македонија.са/ .    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан