• вторник, 24 декември 2024

Заев: Кумановци обединети да го сочуваат социјалдемократскиот дух, прогресивноста, напредокот

Заев: Кумановци обединети да го сочуваат социјалдемократскиот дух, прогресивноста, напредокот
Куманово, 26 октомври 2021 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Зоран Заев од средбата со граѓаните на населбата „Гоце Делчев“ од Куманово ја побара поддршката од кумановци за социјалдемократот Оливер Илиевски, укажувајќи дека Куманово ќе продолжи да чекори по прогресивниот пат од кој учеле сите други граѓани од државата.
- Барајќи ја поддршката ред е да се извинам што сум ја побарал поддршката за Максим Димитриевски 2017-та. Добрите луѓе знаат да погрешат, иако карактерните особини ги видовме. Во првиот круг и самиот Тони Шанац потврди дека партиските гласови отишле кај Максим Димитриевски, вториот круг кога ВМРО-ДПМНЕ објави поддршка на нивниот кандидат, тој веднаш се заблагодари, рече Заев.
Претседателот на СДСМ, кажа дека ВМРО-ДПМНЕ не го скршил ниту бастионот, ниту прогресивноста на Куманово изминативе 30 години и нагласи дека Куманово тоа нема да го дозволи.
Заев рече дека Владата како никогаш претходно вложувала во Куманово, 120 милиони евра во патишта, реконструкција на спортски објекти, индустриска зона, водовод, канализација, вратени се долгови на општината.
- Куманово е важен фактор во државата, никогаш порано тоа го немало, рече Заев. Тој го обвини Димитриевски за договори за вработувања на членови на ВМРО-ДПМНЕ во градинки, училишта, администрација. Заев ги повика кумановци да бидат обединети за да го сочуваат социјалдемократскиот дух на Куманово, сплотеноста, концептот - Едно општество за сите, да чекорат напред.
Осврнувајќи се на опозицијата, Заев кажа има голема разлика меѓу нив и противниците и им порача дека со СДСМ граѓаните знаат на што се, нема измачувања на фирми, зголемена е социјалната помош, растат платите кај сите минималната пораснала од 9.000 на 15.200, а до крајот на годината на 18.000 денари.
Зголемени се сите плати, кажа Заев и дополни дека е намалена невработеноста, се полнат здравствениот и пензискиот фонд, пораст на пензии. Тој нагласи дека нема да се менуваат цените на струјата, бидејќи државата го намали ДДВ-то и додаде дека 19 милиони евра ќе дадат на ЕСМ за да не се менува цената на струјата. Заев рече дека е донесена и одлука за издвојување помеѓу 2,5 и 3,5 милијарди денари за да се зголемат производствените капацитети на струја, за да се помогне и на правните субјекти. Тој кажа дека сите крупни одлуки довеле до повисок стандард кај граѓаните и за време на пандемија.
Тој пред кумановци кажа дека е лесно да се скараме со сите, а важно е да се направат пријатели.
Куманово мора да го држи браникот на прогресивноста, кажа Заев и рече дека не ни требаат национализам, а патриот е тој што качува плати, го подобрува квалитетот на живот на граѓаните. Обраќајќи им се на кумановци ги повика уште еднаш да одржат лекција за социјалдемократија, за прогресивност, бидејќи е најголема и заслужува прва во борбата за квалитетен живот. - Ве повикувам во името на прогресивноста да дадете напори докрај да се победи со убава разлика, повика Заев и ги повика сите што се колебаат да се вратат кон прогресивноста, бидејќи рече Куманово отсекогаш се борело. Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски ја побара поддршка од кумановци за победа во Куманово. - Јас сум убеден во тоа, бидејќи овие три-четири дена се разбистри над Куманово, заминаа во вечност лажните претставувања за независност, за големи социјалдемократи и за нешто што правеше манипулации кај луѓето. За неколку дена гласаме за два кандидати, за нашиот социјалдемократ, идниот градоначалник, Оливер Илиевски и од другата страна немаме избор, заради тоа што ВМРО ДПМНЕ е од другата страна и мора да биде поразено, не смее режимот во Куманово да биде-кажа Спасовски. Тој кажа дека 12 години за Куманово немало поддршка, ниту денар немало вложено, никаков проект. Куманово, кажа никогаш не потклекнало, а обврската, да не се уништи слободарскиот дух, останува во недела на 31 октомври. Спасовски потсети за вложувањата во Куманово во последниве четири години, обнова на инфраструктура, проекти за подобар живот, за економски развој. Тој кажа дека кумановци имаат одговорност да ја зачуваат слободата, демократијата и напредокот. - Тој што е социјалдемократ, наследник на борбата на Куманово во борбата против антифашизмот, неговото место не зад ВМРО, неговото место е овде зад фронтот предводен од СДСМ. Јас се извинувам на сите вас што стоев пред четири години и ја барав поддршката за таков човек кој нѐ предаде и отиде со ВМРО ДПМНЕ-рече Спасовски, повикувајќи дека силата е во единството и ги повика кумановци да излезат масовно и да гласаат за Илиевски. Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Оливер Илиевски ја побара поддршката од жителите на „Гоце Делчев“ и најави модерен плоштад, нов стадион, три катни гаражи, две градинки, кеј, реконструкција на паркови, најдолга велопатека, а за населбата паркови, зеленило, игралишта.
- Оваа беше една од најубавите населби, а ќе ја направиме уште поубава во следните четири години, бидејќи имаме финансиски средства, од кои извори ќе се финансираат и буквално сите проекти ќе бидат реализирани. Треба да се надоместат изминативе четири годинки да се направат дополнителни проекти-рече Илиевски. Тој најави дека во „Гоце Делчев“ ќе се изгради спомен-плоча на револуционерот Гоце Делчев.
И Илиевски ја побара поддршката од кумановци в недела на 31 октомври. ам/нд/

Остани поврзан