• четврток, 26 декември 2024

Заев: Итно треба да се одблокира европскиот пат, но, преговори за македонскиот идентитет не се опција

Заев: Итно треба да се одблокира европскиот пат, но, преговори за македонскиот идентитет не се опција
Скопје, 10 мај 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска, денеска во Брисел оствари средба со претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли. -Заев на средбата со Сасоли нагласи дека неговата посета на Брисел во деновите кога министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Брисел дебатираат за стратешкиот пристап на Унијата кон земјите од Западниот Балкан има за цел да биде слушната пораката дека Македонците и граѓаните на Северна Македонија нема да преговараат за сопствениот идентитет и нема да дозволат таа тема да биде ставена на масата за дебата во име на стартот на преговорите со ЕУ, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Премиерот за време на разговорот со Сасоли упати благодарност до Европскиот Парламент за цела поддршка што континуирано ја дава за Северна Македонија и истакна очекувања таа поддршка да биде уште понагласена во претстојниот период за да се одобри организирање на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ како почеток на процесот за пристапување на земјата во членство во ЕУ.
Претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли и премиерот Зоран Заев се согласија дека Северна Македонија и нејзините граѓани имаат голема поддршка во ЕП и дека тој е убеден дека тоа ќе биде така постојано како охрабрување до институциите на ЕУ да го одобрат одржувањето на првата меѓувладина конференција. сст/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан