• недела, 24 ноември 2024

Заев: Зголемената транспарентност позитивно влијае на демократизацијата, економскиот развој и евроинтеграциите

Заев: Зголемената транспарентност позитивно влијае на демократизацијата, економскиот развој и евроинтеграциите
Скопје, 20 јануари 2020 (МИА) - Зголемувањето на нивото на транспарентноста има позитивно влијание кон демократизацијата на државата и им овозможува на граѓаните да имаат контрола над институциите. Дополнително, транспарентноста позитивно влијае врз економскиот развој на државата и врз евроатлантските интеграции, наведе премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил.
- Со цел да се поттикне отчетноста, транспарентноста и отвореноста на локалните самоуправи, согласно Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница прифатена е препораката на Комисијата за економски систем и тековна економска политика на Владата на Република Северна Македонија и донесен е заклучок дека сите финансиски извештаи и извештаи за работење (тромесечни, полугодишни и годишни) кои се доставуваат на разгледување во Владина постапка, нема да бидат разгледани на Комисијата, доколку листата од 22 обврзувачки информации и документи со кои се обезбедува отчетноста на општината не се објавени на веб-страниците на предлагачите, истакнува Заев во објавата на Фејсбук. см/сп/

Тагови

Остани поврзан