• петок, 27 декември 2024

Заев: Да не се повторат никогаш повеќе настаните од 27 април 2017

Заев: Да не се повторат никогаш повеќе настаните од 27 април 2017

Скопје, 27 април 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска потсети на лузните што ги носи како еден од учесниците на, како што рече, непосакуваните настани од 27 април 2017 година и ја испрати пораката - да не се повтори никогаш повеќе, ни во Северна Македонија, ниту било каде во светот.  

-Ќе го споделам уште еднаш чувството дека тој 27 април 2017 година два часа и 15 минути секоја секунда јас, колегите пратеници и новинарите околу нас чекаа да го изгубат животот. Буквално секоја секунда вековиште беа тие два часа и 15 минути. Денеска да се организира собир за да се даде поддршка на осудени луѓе кои се обидоа на очиглед на јавноста  јавно да убиваат и ликвидираат новинари, камермани, пратеници во Собранието е или забеганост или е соучешниство, ништо друго, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.  

Мене лично, како што рече, ме мотивира да продолжам да се борам и да не се повтори никогаш повеќе  ни кај нас, ниту било каде во светот, затоа што е застрашувачки да го видите лидерот на опозицијата, односно алтернативата на власта како презема одговорност и чест, како е прв меѓу поддржувачите на луѓе кои се веќе правосилно осудени и уште повеќе на очиглед на целата јавност сите знаеме дека се обидоа да убијат. 

-И навистина ова е надвор од здравиот разум. Сакам да ја потсетам македонската јавност да има секојпат предвид што всушност има во државата, што се алтернативите коишто постојат во нашата земја и да не дозволат  девијантни појави коишто Северна Македонија повторно ќе ја однесат во неповрат или во грозотија од која што сите бевме згорзени на тој 27 април. Пораката е граѓаните, сите ние, да си јачуваме Северна Македонија, нашата татковина, нагласи Заев по пуштањето во употреба на фабриката на германската компанија „Гересхајмер“ во ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик. мд/са/

 

Остани поврзан