• среда, 25 декември 2024

Заев го одлага поднесувањето на оставките, тврдат извори во СДСМ

Заев го одлага поднесувањето на оставките, тврдат извори во СДСМ
Скопје, 9 ноември 2021 (МИА) - Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев ќе го одложи поднесувањето на оставките се до стабилизирање на земјата, а како е еден од аргументите за одложување е можноста Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ во декември. Според извори во СДСМ, Извршниот и Централниот одбор на вечершните седници го овластиле Заев да преговара за зголемување на парламентарното мнозинство. Телма, пак јави дека во врска со оставката на премиерската функција Заев ќе чека до сабота, по гласањето за доверба на Владата, но бил дециден дека ќе ја депонира. Најавено е по завршувањето на седницата на ЦО изјава да даде членот на раководството на СДСМ и градоначалник на Валандово, Перо Костадинов. сп/

Остани поврзан