• сабота, 21 декември 2024

Заев во пресрет на утрешниот Самит: Соработката е од голема важност на патот кон ЕУ

Заев во пресрет на утрешниот Самит: Соработката е од голема важност на патот кон ЕУ
Скопје, 13 октомври 2021 (МИА) - Верувам дека утрешниот ден ќе биде уште една потврда за важноста од соработката и солидарноста за Западен Балкан на патот кон ЕУ, напиша вечерва премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил во пресрет на Самитот што го организира лондонски „Економист“. Тој очекува плодни дискусии од кои ќе произлезат квалитетни заклучоци кои понатаму, како што наведува, ќе бидат имплементирани. -Со особена чест и задоволство им посакав добредојде на учесниците на Самитот на Западен Балкан во организација на лондонски „Економист“. Верувам дека утрешниот ден ќе биде уште една потврда за важноста од соработката и солидарноста за Западен Балкан на патот кон Европската Унија. Сите политики кои ги градиме се со цел - подобар животен стандард, предвидлив деловен амбиент за нови инвестиции и развој на пазарната економија. На утрешниот Самит, верувам дека ќе имаме плодни дискусии од кои ќе произлезат квалитетни заклучоци кои понатаму ќе бидат имплементирани, пишува премиерот. Според него, развиен приватен сектор, развиени економии се клучот за успех и за земјите од Западен Балкан. -Во таа насока, нашата заедничка соработка е од голема важност и на патот кон ЕУ. Да градиме мостови, да ги поврзуваме нашите народи и да веруваме со просперитетна иднина, наведува Заев. мч/вј/

Остани поврзан