• недела, 01 септември 2024

Заев во Крушево: Мицкоски е копија на Груевски

Заев во Крушево: Мицкоски е копија на Груевски
Крушево, 10 октомври 2021 (МИА) - Градевме одговорно, ние немаме грешни проекти како оние што ги наследивме од режимот, не градиме за да се фалиме, туку да ја модернизираме секоја општина, да има подобри услови за живот. Над 100 милиони евра се распределени по сите општини за водоводи, канализации и прочистителни станици, затоа денес пред вас со чист образ бараме поддршка бидејќи зад себе имаме докази, како беше во ВМРО-ДПМНЕ, како е сега. Само во Крушево се реализирани проекти вредни над шест милони евра, над 50 километри патишта, водоводи и канализации, спортска сала, параглајдинг клуб, изјави вечерва претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Крушево.
-Се излажале дека народот заборавил на сите злодела што ги направија за 11 години. На времето кога не постоеја компјутери, ако за тие текстови ви требале повеќе примероци се ставаше индиго, е токму тоа го одразува ликот и делото на Христијан Мицкоски, тој не е друго освен копија на Никола Груевски, ако тој е немоќен да излезе од матрицата на груевизмот, што ново ќе понуди освен најлошиот период од македонската самостојност, рече тој.
Заев потсети дека наместо архитектурата да биде траен белег, ВМРО-ДПМНЕ го облекле главниот град со барок.
-Кога се градело во Македонија барок, ние имаме традицонална архитектура, а не обвинуваат дека ќе го изгубиме идентитетот, никогаш повеќе од денес не биле посочувани, бидејќи целиот свет го почитува и вреднува македонскиот јазик. СДСМ е нешто повеќе од политичка партија, пријателство, подадена рака, човечност, градител на мостови, тоа во ВМРО- ДПМНЕ никогаш не можат да го разберат, тие треба да знаат дека во Европа не постојат чисти држави, такво е и Крушево затоа кога ќе дојде овде почастете го со чомлек и додека тој ужива раскажете му дека истиот се прави различни продукти, а без нив чомлекот не би бил тоа што е, а дајте му и крушевски локум за да го разблажите од горчините што ги истура секој ден, порача Заев. ац/

Остани поврзан