• сабота, 23 ноември 2024

Заев: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема што да бараат на Истокот, ќе губат гласови оти народот не сака враќање назад

Заев: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема што да бараат на Истокот, ќе губат гласови оти народот не сака враќање назад
Кочани, 8 октомври 2021 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Кочани истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не нудат ништо ново, туку само сакаат политички да профитираат, но на Истокот немаат што да бараат затоа што ќе изгубат и во број на градоначалници и во број на гласови. - Уште не беше пристигнал, побрза на Фејсбук да напише дека е во Кочани и се борел против пожарите. Исто како што се „бореше“ против коронавирусот, со сликања од мобилниот телефон, со пишувања објави на Фејсбук, со ширење лажни вести, а во меѓувреме блокираа сѐ во Собранието. Сега блокираат Клинички центар, трајно вработување на 4.700 наставници, блокираат отпис на камати за долгови, блокираат недела неработен ден, истакна Заев. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нуди само враќање назад, но граѓаните тоа нема да го дозволат и на 17 октомври ќе го поразат и ќе го изберат „Најдоброто за својата општина“. - Од Кочани да му кажам една вистина на Мицкоски, а тоа е - ќе изгубиш и овде и во цела држава, затоа што народот не сака да се враќа во режим, народот не сака повторно да молчи. Народот сака напред, сака слобода и демократија и проекти на локално ниво, повисоки плати и пензии, нагласи Заев. Освен во Кочани, караванот на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ вечерва одржа собири со граѓаните и во општините Зрновци и Чешиново-Облешево, каде беа претставени кандидатите за градоначалници Виктор Ангелов и Горанчо Крстев, како и кандидатските листи за советници.та/дма/

Остани поврзан